Денеска (29.01.) од страна на полициски службеници од ПО за БПС Берово на подрачјето на ОВР Берово, поточно на локации во близина на месноста Русинска крстосница беше спроведена превентивна активност на темата „Биди паметен, не заборавај - стави појас ”.
Возачите беа информирани за тоа која е предноста од користење на сигурносни појаси, пред се во интерес на лична безбедност и заштита на возачот и патниците. Полициските службеници укажуваа дека сигурносните појаси не се наменети само за возачот, туку обврската се однесува и на сопатниците на предните седишта и на тие што седат на задните седишта и тоа без разлика дали се движат во населено или надвор од населено место. Покрај ова, беа предочени и законските одредби од оваа област, односно санкционирањето за некористење на сигурносниот појас, а воедно на возачите им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП.