29 јануари 2025

Едукативни работилници на СВР Скопје

 Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од ПСОН Ѓорче Петров и ПСОН Кисела Вода денеска (29.01.) реализира пет едукативни работилници во основни училишта на подрачјата на овие полициски станици.

Така, во основните општински училишта „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и „Мирче Ацев“ на подрачјето на ПСОН Ѓорче Петров, беа реализираа две едукативни работилници со членови - ученици од училишните клубови за превенција, а на темата – „Превенција од насилство - меѓуврсничко насилство  и семејно насилство“. Додека пак во основното општинско училиште „Драга Стојановска“ на подрачје на ПСОН Кисела Вода (општина Сопиште) беа одржани три работилници со ученици од шесто, седмо и осмо одделение, а на тема - „Превенција од меѓуврсничко насилство – булинг“ .
Инаку, основна цел на едукативните работилници беше информирање и запознавање на учениците како да се детектираат, односно препознаат ваквите девијантни појави и да се подигне свеста и безбедносната култура во насока на благовремена превенција и заштита.