Денеска (27.01.) во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола спроведоа превентивна активност под мотото - „И јас и ти сме пешаци“.
На граѓаните, пешаци, но и на возачите им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, особено за сообраќајната сигнализација која што го регулира минувањето на пешаците, потоа правилното паркирање и слично а со цел намалување на ризиците од сообраќајни несреќи.
На возачите им беше укажано на потребата од почитување на прописите, особено на пропуштањето на пешаците, а им беа поделени и едукативни летоци изработени од РСБСП.
Исто така, денеска и вчера полициски службеници од ОВР Крушево на подрачје на Крушево реализираа превентивна активност „Алкохол и волан најлоша комбинација“ како и „Вози одморен“ при што на возачите им се укажуваше за последиците од користење на алкохол при управување на моторно возило, како и законската санкција при извршен прекршок.