26 јануари 2025

Превентивни активности на СВР Охрид

 

На 24.01.2025, Отсекот за превенција при СВР Охрид реализираше повеќе едукативни кампањи во неколку основни училишта на подрачјето на Охрид на тема „Меѓуврсничко насилство и интернет насилство“. Притоа, полициските службеници низ интерактивна комуникација со учениците, зборуваа на темата како облик на насилства и агресивно однесување помеѓу младите, појавните форми на овие асоцијални и девијантни појави, кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините за препознавање, избегнување, пријавување на истите, како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби за сторителите.
Претходно, полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид на повеќе сообраќајници во градот, како и на автопатот Охрид-Кичево во изградба, спроведоа неколку превентивно едукативни кампањи од областа на сообраќајната безбедност поврзани со потребата и законската обврска за користење безбедносен појас, користење зимска опрема како и за доследно почитување на пропишаната брзина на движење.
Во рамките на концептот „Полициско работење во заедницата - Community Policing“, полициските службеници, реализираа и кампањи поврзани со заштита на граѓаните од кражби и други имотни деликти и им беа поделени едукативни летоци со низа практични совети за заштита.