25 јануари 2025

Превентивна активност на СВР Битола

Вчера (24.01.) на Градскиот пазар во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево при Секторот за внатрешни работи Битола спроведоа превентивни активности за заштита на граѓаните од џебни кражби, под мотото „Заедно до поголема сигурност“.
Притоа, полициските службеници ги информираа граѓаните, особено повозрасните групи на граѓани, со практични совети во врска со начините и постапките кои треба да се преземаат во насока на поголема заштита од сторителите на џебни кражби, а воедно им беа делени и летоци со едукативна содржина. Исто така, полициски службеници во централното подрачје на Крушево реализираа превентивни активности во насока на побезбеден сообраќај под мото „Стави појас" и „Не зборувај на мобилен кога возиш". Во непосредни разговори на возачите им беше укажано на потребата од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.
Вчера, исто така, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во основното училиште „Коле Канински “ во Битола одржаа едукативни предавања на темата „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“.
Притоа, на учениците им беше укажано на штетноста од зависностите со акцент на злоупотребата на дрогата и негативното влијание, кое го има врз развојот, пред се на младата личност. На учениците им беше поделен и едукативен материјал.