24 јануари 2025

„Стави појас“, превентивна активност на ОВР Берово

 Денеска (24.01.) од страна на полициски службеници од ПО за БПС Берово  на подрачјето на ОВР Берово беше спроведена превентивна активност  на тема -  „Стави појас”, на локации во село Смојмирово и месноста Робовска чекална.

Граѓаните беа информирани за потребата од користење на сигурносни појаси, пред се заради лична безбедност и заштита на возачот и патниците. Беше нагласено дека сигурносните појаси не се наменети само за возачот, туку обврската се однесува и на сопатниците и тоа без разлика дали се движат во населено место или надвор од населено место. Полициските службеници укажаа и на законската регулатива, односно нормативното санкционирање за некористење на сигурносниот појас. Воедно, на возачите им беа делени и едукативни печатени материјали изработени во соработка со РСБСП.