23 јануари 2025

Превентивна активност на СВР Тетово

 

Денеска (23.01.) Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Тетово на градскиот пазар во Тетово спроведе превентивни активности за заштита на граѓаните од џебни кражби, под мотото „Заедно до поголема сигурност“.

На повеќе локации во близина на градскиот пазар полициските службеници ги информираа граѓаните, посебно повозрасните групи на граѓани, со практични совети во врска со начините и постапките кои треба да се преземат во насока на поголема заштита од сторителите на џебни кражби, а воедно им беа делени и летоци со едукативна содржина.