21 јануари 2025

„Не користи мобилен телефон додека возиш“, превентивна активност на ОВР Свети Николе

 

Денеска (21.01.) полициски службеници од ОВР Свети Николе спроведоа едукативна кампања од областа на сообраќајот на локации во Свети Николе.

Притоа, во рамки на превентивниот проект под мотото - ,,Не користи мобилен телефон додека возиш“ во непосредна комуникација со граѓаните,односно возачите, полициските службеници укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето, како и за сериозните последици што може да ги предизвикува таквото однесување.

На возачите, исто така, им беше укажано за потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, а од страна на полициските службеници беше делен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со цел превенција и заштита од оваа појава и воедно зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.