Денеска (19.01.) на подрачјето на Струмица, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и од Полициската станица Струмица спроведоа активност во рамки на кампањата „МВР за граѓаните- заедница, доверба, одговорност“, чија цел е давање акцент на важноста на градење партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, како и механизми за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.
Во рамките на проектот, полициски службеници на граѓаните им поделија едукативен материјал и низ непосредни разговори ја презентираа улогата на полицијата во заедницата, обврските и задачите по однос на безбедноста на граѓаните и општеството, како институција којашто го гарантира редот, мирот, владеењето на законите.
Исто така, беа нагласени и активностите околу сузбивањето на разните облици криминал како другите активности околу детектирање и превенирање на сите криминогени појави во општеството.