Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (17.01.) во соработка со РСБСП на подрачјето на ПСОН Кисела Вода, поточно на локации на улицата „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода, спроведе превентивно едукативна активност од областа на безбедноста во сообраќајот.
Овој пат фокусот на активности беше насочен кон задолжителното користење на сигурносни појаси при возење, како за возачите така и за лицата-сопатници, и околу законската обврска за користење на зимска опрема. На возачите, од страна на полициските службеници им се укажуваше за важноста на овие икслучително безбедносни мерки, пропишани со закон, а во интерес на индивидуалната, но и општата безбедност на сите учесници во сообраќајот. Во рамки на активноста, на учесниците во сообраќајот им беа делени едукативни материјали изработени во соработка со РСБСП.