16 јануари 2025

„Биди одговорен возач“, превентивна активност на СВР Скопје

 

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (16.01.) во соработка со РСБСП спроведе превентивно-едукативна активност од областа на сообраќајот, под мотото „Користи зимска опрема- биди одговорен возач“ и „Стави појас“. Притоа, на локации во општина Карпош, полициските службеници укажуваа на неопходноста од почитување на сообраќајните прописи и правила, во интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во рамки на активноста на граѓаните им беа делени едукативни печатени материјали изработени во соработка со РСБСП.

Воедно, полициските службеници повторно апелираа до граѓаните околу некористењето на петарди и други пиротехнички средства, при што беше укажувано на сите потенцијални опасности од незаконското користење на пиротехника и оружје при прослави и свечености. Дополнително беа потенцирани и казнените одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, а на граѓаните им беа поделени и информативни летоци со цел подигање на нивото на свест и почитување на законска регулатива.