Вчера (15.01.) од страна на полициски службеници од ОВР Крушево беше спроведена превентивна активност на тема ,,Безбедноста на граѓаните-наша обврска“ при што во централното подрачје на Крушево, во близина на градскиот парк и околу излетничките места, граѓаните беа запознаени како да се заштитат од кражби, измами, разбојништва... Преку непосредни разговори со граѓаните, полициските службеници укажуваа со практични совети како граѓаните да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела, а воедно беа делени и летоци со едукативна содржина.
Исто така, во текот на вчерашниот ден и полициски службеници од ОВР Ресен и од СВР Битола на подрачје на Битола и Ресен реализираа превентивна активност под мото: „Вози одговорно, патувај безбедно“ и „Користи зимска опрема - биди одговорен возач“.
Притоа, полициските службеници во соработка со РСБСП фокусот на активностите го насочија кон зголемување на сообраќајната култура, со цел стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, како и за зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Покрај ова, во рамки на активноста, на возачите им се делеше и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП.