Денеска (15.01) во населбата Маврови Анови, полициски службеници од Полициското одделение Маврово реализираа превентивни активности од областа на безбедноста на сообраќајот. Со пораките – „Биди одговорен возач“, односно „Вози одговорно, патувај безбедно“ и „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите укажуваа и апелираа на стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, особено сега во зима, кога условите на патиштата бараат максимална внимателност. Воедно, на возачите им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со корисни информативни содржини во интерес на безбедноста во сообраќајот.