14 јануари 2025

„Вози одговорно - патувај безбедно“, превентивна активност на СВР Штип

 

Денеска (14.01.) од страна на полициски службеници од ПС од ОН Берово на подрачјето на ОВР Берово беше спроведена превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност под мотото – „Користи зимска опрема“ и „Вози одговорно - патувај безбедно“.

Од страна на полициските службеници на возачите им беше укажано за потребата од почитување на сообраќајните знаци, за почитување на сообраќајните прописи и прилагодување на брзината на движење. Со оглед на моменталните временски услови, посебно внимание беше посветено на задолжителното поседување соодветна зимска опрема во возилото.
Целта на кампањата беше подигање на свеста кај граѓаните и укажување на потребата од висок степен на лична одговорност и почитување на изречените законски мерки со цел да се избегнат несакани последици и да се обезбеди високо ниво на јавната безбедност во делот на сообраќајот.

Инаку, исто така денеска на улица „Маршал Тито“ во Свети Николе, Отсекот за превенција при ОВР Свети Николе и ПО за БПС реализираа превентивна активност со возачи на моторни возила кои беа информирани за обврската за задолжително носење на зимска опрема од 15.11.2024 до 15.03.2025 година.

Покрај непосредна комуникација со возачите, на граѓаните им беше делен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП, а се со цел подигање на свеста за поседување на зимска опрема во возилата и одговорно учество во сообраќајот.