11 јануари 2025

„Не користи пиротехнички средства“, превентивна активност на СВР Скопје

 Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (11.01.) во центарот на Скопје, спроведе превентивна активност под мотото „Не користи пиротехнички средства“.

Притоа, во непосредна комуникација, граѓаните беа запознаени со ризиците од употреба на оружје или други пиротехнички средства. 
Воедно беа потенцирани и казнените одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, со коишто се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните. На граѓаните им беа поделени и информативни летоци со цел подигање на нивото на свест и почитување на законска регулатива.