Вчера (08.01.) во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево при СВР Битола во централното градско подрачје и кон излетничките места во Крушево реализираа превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот, а околу задолжителното користење на зимска опрема, како и користење сигурносен појас при возење.
Со делење на едукативни летоци, обезбедени во соработка со РСБПС, полициските службеници ги потсетуваа возачите за нивните законски обврски за носење зимска опрема во возилата. Воедно им беше укажано за потребата од доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, а се со цел подигање на свеста кај возачите за безбедно патување.