Денеска (09.01.2024) во Струмица, полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Струмица реализираа превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот, а околу користењето зимска опрема, како и задолжителното користење сигурносен појас при возење.
Со делење на едукативни летоци, обезбедени во соработка со РСБПС, полициските службеници ги потсетуваа возачите за нивните законски обврски за носење зимска опрема во возилата. Воедно им беше укажано за потребата од доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, а се со цел подигање на свеста кај возачите за безбедно патување.