Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со локалната власт во општина Кавадарци, денеска (09.01.) на Ски центарот Михајлово, со посетителите на центарот, како и со жители на околните места кои што гравитираат околу Михајлово, спроведоа превентивна активност фокусирана на заштита од екстремни температури.
Полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните, преку практични и показни активности укажуваа како луѓето можат и треба да се заштитат во околности на екстремни временски услови и непогоди, особено при снежни наноси и мраз, потоа како да се пружи прва помош во насока на превенирање на потенцијалните опасности.