03 јануари 2025

Превентивни активности на СВР Штип

Отсекот за превенција при СВР Штип во соодејство со полициски службеник од ПСОН Штип денeска (03.01.) на повеќе локации во Штип, реализираше превентивна кампања под мотото – „Заштити се од џепни кражби“. Покрај корисните информации и совети за граѓаните, полициските службеници делеа и едукативни печатени материјали, а на граѓаните особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата со брзо и точно пријавување на бесплатниот број 112 за навремена реакција и превземање на мерки од страна на полицијата.
Исто така денеска,  полициски службеници  при ОВР Свети Николе во соработка со локалниот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата при општина Свети Николе и РСБСП спроведоа едукативна кампања под мотото „Вози одговорно, празнувај одговорно“.
Притоа, на повеќе патни правци во и околу Свети Николе, во непосредна комуникација со возачите полициските службеници укажуваа на важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, особено во периодот на Новогодишните и Божиќните празници.
На граѓаните им беа поделени и летоци изработени во соработка со РСБСП, со едукативна содржина.