30 декември 2024

Превентивни активности на СВР Штип

 

Денеска (30.12.) од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип, беше одржано едукативно предавање за учениците од Општинското основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Пробиштип и во Подрачното општинско основно училиште „Кирил и Методиј“ во село Злетово, општина Пробиштип, а на тема „Петарди не – безбедност пред се“.

За време на предавањето преку практична презентација на примери и искуства за ризиците од незаконското користење на пиротехничките средства, на учениците им беа пренесени низа важни факти за овој проблем, пред се за превенирање на здравствено – безбедносните опасности што потенцијално ги има злоупотребата на петарди и други пиротехнички средства.

Инаку вчера, и полициски службеници при ОВР Свети Николе и ПО за БПС во соработка со РСБСП на улицата „Маршал Тито“ и улицата „Филип 2“ спроведоа активност под мотото - ,,Не пиј кога возиш“. Во рамки на активноста на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП. Воедно, на возачите им беше потенцирано дека алкохолот е една од главните причини за предизвикување сообраќајни незгоди.