Денеска (30.12.) во централното градско подрачје на Гостивар, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, заедно со претставници од Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај, спроведоа превентивна активност за поголема внимателност на учесниците во сообраќајот во текот на претстојните празници, како и за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови.
На граѓаните покрај корисните совети, им беа поделени и летоци со едукативна содржина, изработени од РСБСП.