Денеска (28.12.) полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Југ во рамки на континуираните превентивни активности на МВР, под мотото - „Не користи пиротехнички средства“ спроведе превентивно-едукативни активности на трите гранични премини под надлежност на оваа организациона единица: „Богородица“, „Стар Дојран“ и „Меџитлија“
Притоа, во непосредна комуникација со патниците тие беа запознаени со ризиците од употреба на оружје или други пиротехнички средства при прослави, што како појава е посебно актуелна пред и за време на Новогодишните и Божиќните празници.
Воедно од страна на полициските службеници беа потенцирани и казнените одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, со коишто се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните. На патниците им беа поделени и информативни летоци со цел подигање на нивото на свест и почитување на законска регулатива.