28 декември 2024

СВР Тетово и Агенцијата за државни патишта одржаа работен состанок за создавање услови за проточен сообраќај во текот на зимската сезона на Попова Шапка

Во текот на минатата недела полициски службеници од СВР Тетово одржаа работен состанок со претставници од Агенцијата за државни патишта и од Одделот за сообраќајни работи при општина Тетово, со цел утврдување на решение за одржување проточен сообраќај во текот на зимската сезона на Попова Шапка, посебно за време на викендите. 

На состанокот беше договорено да се засилат контролите на возилата и доколку не поседуваат зимска опрема и зимски гуми, да не им се дозволува да продолжуваат кон Попова Шапка, како и да се даде препорака да се користи јавниот превоз на патници, кој за време на викендите ќе има редовна линија со распоред Тетово-Попова Шапка и обратно. 

 СВР Тетово апелира до граѓаните кои патуваат кон овој зимски рекреативен центар да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги паркираат нивните возила на несоодветни места односно да не го попречуваат нормалниот тек на сообраќајот.