27 декември 2024

Превентивни активности на СВР Битола за безбеден сообраќај

Вчера (26.12.2024) во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола спроведоа превентивна активност „И јас и ти сме пешаци“.

На граѓаните им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, особено за правилно преминување на улиците, а со цел намалување на ризиците од сообраќајни несреќи.
На возачите им беше укажано на потребата од почитување на прописите, особено на пропуштањето на пешаците, а им беа поделени и едукативни летоци изработени од РСБСП.
Исто така, вчера полициски службеници од ОВР Крушево на подрачје на Крушево реализираа превентивна активност „Алкохол и волан најлоша комбинација" при што на возачите им се укажуваше за последиците од користење на алкохол при управување на моторно возило, како и законската санкција при извршен прекршок.