Денеска (26.12.) полициски службеници од ОВР Кочани во општинските основни училишта „Никола Карев“ и „Кирил и Методиј“ во Кочани одржаа едукативни работилници на тема „Петарди не, безбедност пред се“, а во врска со проблематиката со користење на пиротехнички средства меѓу младите. Притоа за учениците од осмите и деветтите одделенија беа презентирани низа факти, особено за ризиците од употребата на пиротехнички средства по нивното здравје, а покрај ова учениците беа информирани и со законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди на јавни места, на улица, во дворови пред објекти, во училишта и слично, што покрај прекршочно може да се санкционира и кривично. Истовремено и во Виница полициски службеници од ОВР Виница во општинското основно училиште „Никола Парапунов“ во село Драгобраште, виничко, за учениците од ова училиште одржаа едукативно предавање на тема „Петарди не, безбедност пред се“, но и за темата ,,Меѓуврсничко насилство“.
Исто така денеска, во Виница полициски службеници од ПО за БПС Виница, реализираа превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност „Биди подготвен за безбедно патување во зима“. Во текот на активноста на возачите учесници во сообраќајот им беа поделени и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП, а околу важноста и обврската за поседување и носење на зимска опрема во возилата со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот во текот на траење на т.н. зимски период. Воедно под мотото „Никогаш не вози под дејство на алкохол “ полициските службеници во Виница им укажуваа на возачите за строго почитување на законските правила и прописи особено во контекст на претстојните Новогодишни и Божикни празници, појаснувајќи им дека управувањето под дејство на алкохол е една од причините за сообраќајните незгоди. Целта на активноста беше да се зголеми севкупната безбедност во сообраќајот.