На 24.12.2024 во Струмица полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Струмица спроведоа превентивни активности на теми „Вози одговорно, патувај безбедно“ и „Петарди не – безбедност пред се“.
Полициските службеници им укажуваа на возачите за потребата да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, посебно да ја прилагодуваат брзината на движење кон условите и состојбата на патот. Исто така, на граѓаните им беше укажано во пресрет на претстојните празници да не набавуваат и употребуваат пиротехнички средства, со што може да предизвикаат трајни последици по здравјето.
Исто така вчера (24.12.2024) превентивни активности на тема „Вози одговорно, патувај безбедно“ и „Користи зимска опрема“ беа реализирани и на подрачје на Гевгелија, каде полициски службеници во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гевгелија преку делење на летоци ги потсетуваа возачите за нивните законски обврски за носење зимска опрема во возилата и почитување на сообраќајните правила и прописи, се со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.