24 декември 2024

Превентивни активности на СВР Битола

Вчера (23.12.) од страна на полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Демир Хисар беше одржано едукативно предавање за учениците од општинското средно училиште „Крсте Петков Мисирков“ на тема „Петарди не - безбедност пред се“. 

За време на предавањето во рамки на коешто преку практична презентација на примери и искуства за ризиците од незаконското користење на пиротехнички средства на учениците им беа пренесени низа важни факти за овој проблем, а исто така им беа поделени и летоци со едукативно- информативна содржина, пред се во насока на превенирање на здравствено-безбедносните опасности што потенцијално ги има злоупотребата на петарди и друга пиротехника.

Вчера, исто така, на подрачје на Крушево, како и во централното градско подрачје во Крушево полициски службеници од ОВР Крушево спроведоа превентивна активност за поголема внимателност на учесниците во сообраќајот во текот на претстојните празници, како и за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови. На граѓаните покрај корисните совети, им беа поделени и летоци со едукативна содржина, изработени од РСБСП.