На 23.12.2024 на неколку локации на подрачје на Струмица, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица Струмица спроведоа превентивни активности на теми „Вози одговорно, патувај безбедно“ и „Петарди не – безбедност пред се“.
Овие активности се спроведуваат со цел подигање на свеста кај граѓаните за последиците кои може да ги предизвика непочитувањето на сообраќајните правила и прописи. Во непосреден разговор со граѓаните, им беше укажано за потребата да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено да ја прилагодуваат брзината на движење кон условите и состојбата на патот. Исто така, на граѓаните им беше укажано во пресрет на претстојните празници да не набавуваат и употребуваат пиротехнички средства, затоа што употребата на пиротехника може да резултира со повреди и трајни последици по здравјето. На граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.