23 декември 2024

„Петарди не- безбедност пред се”, превентивна активност на ОВР Пробиштип и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Денеска (23.12.) од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип и медицински лица од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје, одржано е едукативно предавање за учениците од општинското основно училиште „Никола Карев“ - Пробиштип, на тема „Петарди не - безбедност пред се“. 

За време на предавањето во рамки на коешто преку практична презентација на примери и искуства за ризиците од незаконското користење на пиротехнички средства на учениците им беа пренесени низа важни факти за овој проблем, дополнително им беа поделени и летоци со едукативно-информативна содржина пред се во насока на превенирање на здравствено-безбедносните опасности што потенцијално ги има злоупотребата на петарди и друга пиротехника.