23 декември 2024

„Стоп за употребата на пиротехнички средства“, превентивна активност на РЦГР Исток и ОВР Делчево

Денеска (23.12.) полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток, во соработка со полициски службеници од ПО за ГН Каменица, од ОВР Делчево и од ПО Македонска Каменица, заедно со медицински лица од ЈЗУ “Гоце Делчев“ -Делчево и од ПЗУ „Диб- Хелт“  од Македонска Каменица во средните општински училишта „Методиј Митевски Брицо“ во Делчево и „Миле Јаневски –Џингар“  во Македонска Каменица реализираа превентивна активност на тема: „Стоп за употребата на пиротехнички средства“.

Преку соодветна презентација изготвена од страна на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје и Министерството за внатрешни работи учениците беа запознаени со најчестите повреди кои настануваат од употреба на пиротехнички средства како што се изгорениците, повредите на очите, повреди на шака, и други телесни и тешки телесни повреди. 
Преку разговори и дискусија учениците од прва година беа запознаени  и со законската регулатива во врска со набавка, продажба и  употреба  на пиротехничките средства.