Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во содејство со медицински лица од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје, денеска (23.12.) а во рамките на кампањата на МВР со Универзитетска клиника за превенција од употребата на пиротехнички средства меѓу младите, во средните општински училишта „Добри Даскалов“, „Киро Спанџов-Брко“ и „Ѓорче Петров“ во Кавадарци, на учениците им одржаа едукативни предавања на тема „Петарди не- безбедност пред се”.
Преку наменски подготвена презентација, полициските службеници и медицинските лица ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства. Воедно, им беше укажано дека сите пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки или трајни повреди и последици по здравјето, а истовремено им беа и предочени и законските казнени мерки со кои може да се соочат околу недозволено поседување и користење на пиротехнички средства и петарди.