22 декември 2024

„Не користи пиротехнички средства“, превентивни активности на СВР Скопје

Денеска (22.12.) на територија на општина Aеродром, Одделението за превенција при СВР Скопје  спроведе превентивна активност под мотото „Не користи петарди и други пиротехнички средства“.

Притоа, граѓаните беа запознаени со ризиците од употреба на оружје или други пиротехнички средства при прослави, што како појава е посебно актуелна пред и за време на Новогодишните и Божиќните празници. Секој може да биде жртва, а повредените наместо на прослава, празниците да ги дочекаат во операционите сали на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Воедно, беа потенцирани и казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, со која се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните.
На граѓаните им беа поделени и информативни летоци со цел подигање на нивото на свест и почитување на законската регулатива.