21 декември 2024

Превентивна активност на СВР Штип за побезбеден сообраќај

Денеска (21.12.2024) од страна на Отсекот за превенција на СВР Штип во содејство на полициски службеници од ПС за БПС Штип на повеќе локации во Штип беше спроведена превентивно едукативна активност под мотото “ Биди подготвен- користи зимска опрема” и “ Вози одговорно- патувај безбедно”. На возачите им беа давани корисни совети за безбедно патување во зима и безбедно пристигнување до нивната посакувана дестинација, а им беа поделени и летоци со едукативна содржина, со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот.