21 декември 2024

„Не користи пиротехнички средства“, превентивна активност на СВР Битола и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Вчера (20.12.) во средното музичко училиште во Битола, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со лекари од Клиника за  пластична и реконструктивна хирургија  одржаа трибина пред учениците од средното училиште , а во врска со актуелната тема околу злоупотребата на пиротехнички средства, особено сега во пресрет на Новогодишните и Божикните празници.  

На трибината,  од страна на лекарите беше нагласен ризикот од употребата на пиротехнички средства по здравјето на децата. Покрај другото, учениците беа запознаени со законските одредби поврзани со набавување и продажба на петарди и други пиротехнички средства. 

Исто така, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Македонски Брод  во основното училиште„Кемал Ататурк"во с.Пласница одржаа работилница на тема стоп за користење на пиротехника, како и превенција од врсничко насилство односно булинг кај младата популација.
За време на превентивните активности беа поделени едукативни материјали .