Отсекот за превенција при СВР Штип во соодејство со полициски службеници од ПСОН Штип денеска (19.12.) во Штип, реализира превентивна кампања под мотото – „Заштити го твојот дом“. Притоа во рамки на активноста беа поделени летоци со едукативна соодржина и корисни совети за заштита од имотните кривични дела (разбојништва, дрски кражби, кражби, измами и други). Пред граѓаните особено беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата со брзо и точно пријавување на бесплатниот број 112 заради навремена реакција и превземање на мерки од страна на полицијата.