19 декември 2024

„Петарди не– безбедност пред се“, превентивна активност на СВР Струмица и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Денеска (19.12.) во рамките на превентивно едукативните активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје насловени како „Петарди не– безбедност пред се“ полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и лекари од клиниката одржаа едукативни предавања пред учениците од средните општински училишта „Јане Сандански“, „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ во Струмица.

Во непосреден разговор со учениците, од страна на стручниот медицински тим беше нагласен ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето на учениците, односно дека истите може да предизвикаат тешки и трајни телесни повреди. 
Исто така, учениците беа запознаени и со законскaта регулатива според која се санкционира неовластеното набавување, продажба и употреба на пиротехнички средства на јавни места, односно дека за ова истите може да бидат прекршочно или кривично санкционирани.
Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица на истата тема реализираа едукативно предавање и со учениците од ООУ „Видое Подгорец“ во село Колешино, струмичко, а воедно со жители на село Колешино беше реализирана превентивна активност преку која им беше укажано како да се заштитат од кражби и измами.
ОВР Валандово, пак вчера реализираше превентивна активност на тема „Вози одговорно, патувај безбедно“ во која на возачите им беше укажано за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, а воедно им беше поделен и едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП.