18 декември 2024

„Не користи пиротехнички средства“, превентивна активност на СВР Куманово и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Денеска (18.12.) во  зградата на  поранешен Комитет во Куманово полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со лекари од Клиника за  пластична и реконструктивна хирургија  одржаа трибина пред ученици од сите средни и основни училишта во Куманово, а во врска со актуелната тема околу злоупотребата на пиротехнички средства, особено сега во пресрет на Новогодишните и Божикните празници.  

На трибината,  од страна на лекарите беше нагласен ризикот од употребата на пиротехнички средства по здравјето на децата. Покрај другото, учениците беа запознаени со законските одредби поврзани со набавување и продажба на петарди и други пиротехнички средства. Исто така, беа информирани дека продажбата и активирањето на петарди покрај прекршочно, може да се санкционира и со кривична пријава.