18 декември 2024

„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивна активност на СВР Велес

Денеска (18.12.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција заедно со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, во Средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес, за учениците од прва и трета година беше спроведена едукативна работилница во рамки на превентивниот проект - „Кажи не на дрогата, да на животот“. 

Целта на превентивно- едукативната активност беше информирање на младите за штетноста по здравјето од користењето наркотици, формите и манифестацијата на зависноста, агресивното и асоцијалното однесување како последица од користење на наркотици, како и за другите негативни влијанија кои ги има дрогата врз развојот на младата личност. Учениците беа запознаени и со законските репрекусии и последиците кои произлегуваат од трговијата со дрога, како и штетните последици од други болести на зависности како што се алкохолот и цигарите.
Активноста беше реализирана преку соодветна прилагодена презентација, како и со практични примери од полициските искуства во работата со овие социо-девијантни појави.