18 декември 2024

„Не користи пиротехнички средства“, превентивни активности на СВР Штип

Од страна на Отсекот за превенција при СВР Штип, во содејство  со полициски службеници од ПС ОН Штип и претставници од Клиниката за пластична хирургија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од Скопје денеска (18.12.) на темата „Не користи пиротехнички средства“, а во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници, беше реализирана превентивна активност со учениците од СОУ „Јане Сандански“ во Штип. Преку соодветна видео презентација, со учество на стручниот медицински тим, учениците беа запознаени со штетноста од употребата на пиротехнички средства, но и за можностите со незаконската употреба истите да предизвикаат тешки и трајни телесни повреди. Учениците беа запознаени и со казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лицата кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства, а им беше поделен и едукативен материјал.

Исто така денеска, од страна на полициски службеници од ОВР Берово во содејство со полициски службеници од ПС за ГН Пехчево беше спроведено едукативно предавање на тема: „Не користи пиротехнички средства“. Превентивната активност беше реализирана во ООУ „Дедо Иљо Малешевски – Подрачно училиште Будинарци“ - беровско. 
За време на едукативното предавање преку соодветна видео презентација за ученици од прво до деветто одделение, преку разговори и дискусија учениците беа запознаени со последиците и ризикот од нелегалната продажба и употреба на пиротехничките средства. На работилница присуствуваа и одговорните во училиштето.
Вчера, пак, од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе во централното градско подрачје на Свети Николе беше спроведена превентивно едукативна активност во рамки на  кампањата на тема „Обезбеди го твојот дом“.  Превентивната активност се реализираше преку непосредни средби со граѓаните и на истите им беа делени и информативни летоци.