17 декември 2024

Едукативни работилници на СВР Велес

Денеска (17.12.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, во средното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Велес, беше одржана едукативна работилница со учениците од четвртта година на тема „Сообраќајна култура на младите возачи-безбедно во сообраќајот“. 

Основната цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, како и внимателно управување со моторни возила како возачи почетници-учесници во сообраќајот. Стана збор и за последиците кои може да ги предизвика брзото возење, како за нив, така и за останатите учесници во сообраќајот.
Исто така, на учениците им беше одржано и едукативно предавање на тема „Насилство во училиштата“, односно за темите „Врсничко насилство“ и „Сајбер булинг“, како и превенција и заштита од уцени и изнуди помеѓу учениците. Учениците беа запознати со начините и методите за справување  со девијантното однесување помеѓу младите, а им беше укажано и на последиците од девијантното однесување.