16 декември 2024

Превентивни активности на СВР Велес

 Денеска (16.12.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во Општинското основно училиште „Блаже Конески“ во Велес, беше одржана едукативна работилница со учениците од седмо одделение, на темите „Насилство во училиштата“, „Врсничко насилство“, „Сајбер Булинг“...  

На работилницата учениците беа запознаени со начините и методите за справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, а им беше укажано и на последиците од девијантното однесување. 
Исто така на учениците им беше одржано и едукативно предавање на тема ,,Не за користење на пиритехнички средства и петарди“, при што преку наменска презентација им беа преставени штетните последици од користењето на пиротехнички средста, како и опасностите по здравјето и безбедноста и законските прописи од недозволеното користење на пирoтехнички средства.