Вчера (14.12.2024) во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола спроведоа превентивна активност „И јас и ти сме пешаци“.
На граѓаните им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, особено за правилно преминување на улиците, а со цел намалување на ризиците од сообраќајни несреќи.
На возачите им беше укажано на потребата од почитување на прописите, особено на пропуштањето на пешаците, а им беа поделени и едукативни летоци изработени од РСБСП.