13 декември 2024

Превентивна активност на СВР Скопје за побезбеден сообраќај

 

Денеска (13.12.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе превентивна активност под мотото „Користи зимска опрема - биди одговорен возач“.
Активноста беше спроведена на подрачјето на ПСОН Центар, со цел зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. На возачите им беа делени и информативно-едукативни печатени материјали, изработени во соработка со РСБСП.