Отсекот за превенција при СВР Штип денеска (13.12.) на улицата „Сутјеска“ поточно на локации до градскиот пазар во Штип, реализираше превентивна активност под мотото - ,,Заштити се од џепни кражби“. Притоа, беа поделени летоци со едукативна соодржина и корисни совети за заштита од кривични дела како разбојништво, дрски кражба, кражба, измама и друго.
На граѓаните, пред се оние од повозрасните категории, особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, со брзо и точно пријавување на бесплатниот број 112, а во насока на навремена реакција и превземање соодветни мерки од страна на полицијата.