11 декември 2024

„Не користи пиротехнички средства“, превентивни активности на СВР Штип

 Денеска (11.12.) во централното градско подрачје на Штип, Отсекот за превенција при СВР Штип, во содејство со полициски службеници од ПСОН Штип при СВР Штип, спроведоа превентивна активност под мотото – „Слави со срце не со оружје“ и „Не користи петарди и други пиротехнички средства“.

Притоа, граѓаните беа запознаени со ризиците од употреба на оружје или други пиротехнички средства при прослави, што како појава е посебно актуелна пред и за време на Новогодишните и Божиќните празници. Воедно беа потенцирани и казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место со која се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните при нивна употреба.

На граѓаните им беа поделени и информативни летоци со цел подигање на нивото на свест и почитување на законската регулатива. Иста таква активност денеска се реализираше и од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе под мотото „Слави со срце не со оружје“ и „Не користи петарди и други пиротехнички средства“.