Денескa (10.12.) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток, ПО за ГН Каменица и ОВР Делчево – ПО Македонска Каменица, во соработка со стручните служби во основното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј “ во Македонска Каменица одржаа едукативна работилница на тема: „Превенција од злоупотреба на петарди и други пиротехнички средства“.
Преку разговори на учениците им беа појаснети и презентирани штетните последици и опасности од употребата на петарди и други пиротехнички средства како и законската регулатива во врска со набавката, продажбата и употребата на пиротехничките средства.