Денеска (08.12.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје на територија на општина Карпош спроведе превентивна активност за подигнување на свеста кај граѓаните и запознавање со штетните последици од употребата на пиротехничките средства.
Одделението за превенција при СВР Скопје веќе неколку години ја спроведува оваа кампања, со цел кревање на повисоко ниво на свеста на населението за опасноста од употребата на пиротехнички средства во престојниот празничен период.
Секој може да биде жртва на пиротехничките средства, а повредените наместо на прослава, празниците да ги дочекаат во операционите сали на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Покрај директната комуникација, на граѓаните им беа поделени и информативни летоци.