Денеска (07.12.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе превентивно едукативна активност под мотото "Користи зимска опрема - биди одговорен возач".
Активноста беше спроведена на подрачјето на ПО Сарај, односно на наплатната рампа Глумово. Основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се во делот на законски пропишаното користење на зимска опрема.
На возачите им се делеше и едукативен материјал односно летоци изработени во соработка со РСБСП.