06 декември 2024

Превентивни активности на СВР Тетово


На 06.12.2024 во просториите на младинскиот центар на Тетово, Отсекот за превенција на СВР Тетово во содејство со Општинскиот совет за превенција од детското претставништво при општина Тетово одржаа работилница посветена на превенцијата од зависностите и употребата на пиротехнички средства пред, за време и по завршување на новогодишните празници, каде присуствува ученици од сите средни училишта во Тетово.

За време на работилницата, полициските службеници низ интерактивна комуникација со учениците, дискутираа за последиците од зависностите по здравјето на луѓето, но и за законските последици поради користење и трговија со дрога. Учениците беа информирани и околу штетните последици од употреба на пиротехнички средства, како и казните за употреба на овие недозволени средства при прослави, свадби и др.
За време на работилницата на присутните им беа делени и летоци со едукативна содржина.