06 декември 2024

Превентивна активност на РЦГР Исток и ОВР Делчево

 

Денеска (06.12.) Полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток, односно од Полициската станица за граничен надзор Каменица заедно со полициски службеници од ОВР Делчево, односно од Полициското одделение Македонска Каменица, во соработка со стручните служби во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица одржаа едукативна работилница на тема: „Врсничко насилство помеѓу учениците“.

Преку разговори и дискусија учениците од шесто одделение беа запознаени и им беа појаснети начините како да се превенира, да се препознае и навремено да се пријави врсничкото насилството . Учениците, исто така беа информирани како да пријават говор на омраза и насилничко однесување во секојдневната комуникација во училиштето и надвор од нив, како и идентичните појави на социјалните мрежи.